Сте се запрашале ли некогаш кој ги измислил танга гаќичките или пак зошто копчето на машките кошули се наоѓа на десна страна, додека на женските на лева страна?
Знаевте ли дека маж е одговорен за “пронаоѓањето“ на тангата? Поранешниот градоначалник на Њу Јорк, Фиорело Ла Гардио се налутил на градските танчерки, тврдејќи дека се премногу голи, па така се добил со идеја, танчерките сепак да “сокријат“ дел од својата голотија. Така во 1939 година се родила идејата за танга гаќичките. Се до 70-тите години и не биле некој голем хит помеѓу женската популација, но откако во 80-тите години многу славни дизајнери креирале линии на танга гаќички со свој потпис историјата ја променила нивната “слава“.
Машките кошули имаат копче на десната страна од историски причини и практични причина. Имено мажите во минатото сами се облекувале и воглавно биле деснаци. Од друга страна жените во викторијанската доба, најчесто ги облекувале слугинки на кои полесно им било да им го закопчаат копчето сместено на левата страна.
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сте се запрашале ли некогаш кој ги измислил танга гаќичк