Зоран сепак знае кој е убиецот: Јелена ја убил манијак кој…

Зоран Марјановиќ, сопруг на убиената пејачка Јелена Марјановиќ (32), уверен е дека неговата сопруга ја убил манијак кој бил опсесивно  вљубен во нејзе, а дури се сомнева и  дека таа претходно била киднапирана, одведена на некое друго мсто, усмртена, а потоа вратена на насипот.Тој рекол дека првата лага која била објавена за него е дека тој доцна се јавил во полиција. Според неговите зборови, тој околу 17 часот, еден ипол час откако сфатил дека исчезнала, се јавил кај пријател од полиција и  замолил веднаш да го лоцираат телефонот на Јелена.
Кога се работи за информациите дека имал крв на рацете, Зоран Марјановиќ вели дека за тие детали не смее многу да зборува бидејќи истрагата е во тек, но дека е докажано дека нема врска со убиството.
„Се сомневаат во мене, а како  ниту жената која чува овци, ниту сопругот и жената кои се шетале, ниту девојката која возела велосипед ништо  не забележаа?
Полицијата нека ги пронајде тие луѓе, тие знаат што  се случило тоа попладне на насипот. Не знам ни сам веќе во што да верувам, во кого да се сомневам  и  во која верзија од убиството да верувам. Доколку  кутрата се борела и  барала помош, па како  може никој да не ја слушнал“, се прашува Зоран.

 
Марјановиќ рекол дека Јелена била жена за пример, неговиот најголем пријател и најдобра мајка.
„Нама збор за тоа дека јас и  Јелена сме се скарале  на насипот пред нејзиното исчезнување, како  што  некој наводно видел.
Напротив во последните три месеци откако нејзината мајка се раболе од карцином, ние сме поблиски од било кога, а јас се трудев да бидам што е можно повнимателен кон неа. Единствената вистина е дека ние имавме брак каков што многумина посакуваат.

Поверојатно  е дека ја убил некој поради невозвратена љубов, некој манијак од Фејсбук, некој манијак кој бил опседнат со неа.
Слушнав декаво Земун бил пронајден автомобил со траги од нејзината крв. Полицијата одлилно ја работи својата работа, а јас само се молам на Бога за свирепиот монструм што побрзо да се најде зад решетките“, вели  Зоран Марјановиќ.Тој рекол дека првата лага која била објавена за него е дека тој доцна се јавил во полиција. Според неговите зборови, тој околу 17 часот, еден ипол

Пронајдете не на следниве мрежи: