Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето

Зоран Заев и СДСМ гледаат позитивно кон платформата од Тирана, велат од ВМРО-ДПМНЕ.Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето со крајна цел соодветно да бидат претставени и албанците. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да се преземе обврска да се промени името во рок од една година само за да се задоволи барањето од сеалбанската платформа за брз влез во НАТО. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да го прогласат албанскиот јазик и неговото писмо за официјален државен јазик, заедно со македонскиот и неговото кирилско писмо. Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да ги променат банкнотите, униформите, написите. Со оглед дека деталите од договорот и од платформата ги држат во тајност, Зоран Заев и СДСМ кој знае на што се друго се подготвени.
Суштинско во овој момент е на што се подготвени граѓаните? Дали граѓаните се подготвени за редефинирање на Република Македонија? Дали граѓаните се подготвени на нејзино претварање од мултиетничка во бинационална држава? Дали граѓаните се подготвени на кантонизација и федерализација?
Одговорот за сите овие прашања најдобро ќе се добие на нови предвремени парламентарни избори!
Легитимно е Зоран Заев и СДСМ да мислат дека платформата од Тирана е позитивна за земјава, но крајниот суд околу платформата треба да го дадат граѓаните. Тие не гласаа во декември за сите овие елементи од платформата.
Се ближат локалните избори и најдобар излез од оваа криза е доколку Зоран Заев се охрабри и се согласи да ја постави платформата пред граѓаните. На ист трошок тие ќе гласаат и за локалните власти, но ќе се произнесат и околу платформата од Тирана.
Доколку Зоран Заев и СДСМ имаат сомнеж дека платформата од Тирана е штетна за Македонија, ВМРО-ДПМНЕ ги охрабрува да ја отфрлат. Во таков случај би му помогнале на Зоран Заев и СДСМ да формираат влада каква што сакаат и покрај тоа што загубија на изборите. Цената ќе биде далеку помала отколку цената што ќе ја плаќаат сите идни генерации доколку Зоран Заев и СДСМ не ги отфрлат уцените.
ВМРО-ДПМНЕ чувстува обврска да ја почитува волјата на мнозинството граѓани кои гласаа за Коалицијата „За подобра Македонија“. Заради почитта кон нив и нашата стратешка определба, ВМРО-ДПМНЕ нема да дозволи да се донесат никакви решенија што се спротивни на државните и национални интереси.Зоран Заев и СДСМ немаат проблем да дебатираат за менување на химната, грбот и знамето со крајна цел соодветно да бидат претставени и албанците. Зо

Пронајдете не на следниве мрежи: