Зошто Ахмети не отишол на средба кај Рама?

Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, не заминал на средба со албанскиот премиер Еди Рама, бидејќи имал многу партиски активности, изјави за Нова ТВ, неговиот шеф на кабинет Артан Груби.– Не отидовме бидејќи имавме многу партиски активности. Не можевме да стигнеме ниту на состанокот вчера во 13.30 часот, ниту денеска во 17 часот. Но, тоа не значи дека нема расположение да седнеме на заедничка маса. Можеби тоа ќе го направиме следната недела – изјави Груби.
Средби со лидерите на албанските политички партии од Македонија се одржаа вчера и денеска во Тирана.
Албанските медиуми јавија дека до сега се одржани средби со лидерот на Беса, Билал Касами, со Зијадин Села од Алијансата на Албанците, а се очекува средба со лидерот на ДПА, Мендух Тачи.
Рама нагласи дека на средбите е разговарано за состојбата по изборниот процес во Македонија, но не кажа дали им е дадена насока на албанските партии кои добија мандати, со кого и како да коалицираат, иако во Парламентот ја даде следнава изјава:
–Со оглед дека Македонија се наоѓа на крајот на изборниот процес, јас им честитам на сите избрани без исклучок, и особено на Албанците. Тие треба да најдат сила да ја унапредат заедничката агенда за да се постигне квалитетен демократски соживот на албанските и македонските граѓани. На врвот на нивната агенда треба да биде Охридскиот рамковен договор и заеднички едногласно да побараат програмата на новата влада да поставена во рамките на Охридскиот договор. Албанските партии во Македонија си имаат свој идентитет и своја проглрама, тие не се обрзани да согласуваат една со друга за се или да бидат соединиети во еден блок, но се бара да застанат на страната на интересите на сите Албанци и заеднички да настапат во интерес на она што е неделиво, а тоа е принципот на еднаквост меѓу двата народа, целосна слобода, права и обврски во контекст на македонската држава.– Не отидовме бидејќи имавме многу партиски активности. Не можевме да стигнеме ниту на состанокот вчера во 13.30 часот, ниту денеска во 17 ча

Пронајдете не на следниве мрежи: