Зошто Леонтина не пее 15 години?

Леонтина Вукомановиќ важеше за една од најталентираните пејачки во регионот. Меѓутоа, пред 15 години одлучи да се повлече од сцената, а сега објаснува зошто го напраправила тој чекор.-Моите песни што ги пишувам живеат кај колегите. Многу е помал стресот и одговорноста кога не мораш да водиш сметка за други нешта, кога не си изведувач. Дојдов до годините кога морам да размислувам за својот живот поинаку. Веќе две години сум на одговорна функција како помошник на директорот на Белградскиот културен центар и доста нешта правиме за децата и за напредок на нивниот едукативен и културен живот, така што не размислувам за камбек на сцената. А исто така не сум во години кога тоа би ми било интересно“, искрено раскажува поранешната пејачка за српски Блиц.
Откако го издаде својот последен албум насловен „Среќа“ во 2001 година, Леонтина се повлече од сцената, но продолжи да твори за колегите. Таа е текстописец на песната „Чија си“ на Тоше Проески, како и песната „Лане моје“, која освои второ место на Евровизија во интерпретација на Жељко Јоксимовиќ.
Веќе две години Леонтина ја гледаме на ТВ екраните како член на жирито во популарното музичко шоу „Пинкови ѕвездички“.-Моите песни што ги пишувам живеат кај колегите. Многу е помал стресот и одговорноста кога не мораш да водиш сметка за други нешта, кога не си изве

Пронајдете не на следниве мрежи: