Зошто луѓето сакаат да бидат богати?

Сите имаме само еден живот, па зошто да не ја искористиме можноста која ни ја дава животот и да се трудиме да имаме повеќе од тоа што го имаме моментално – е мисла да некој човек кој се стреми кон богатство и кон титулата богат човек. 
Сепак постојат 4 најдобри причини зошто луѓето сакаат да бидат богати:
1. Економски статус
Доколку ти и твоето семејство припаѓате на средната класа, решени сте да преминете на следното ниво и да направите чекор напред за да станете дел од високата и богата класа. Покрај тоа што богатството односно парите ќе ти дадат сигурен економски статус во општеството, исто така ќе придонесат да си дозволите да работите помалку, а сепак да имате повеќе. Успешните луѓе стануваат мотивирани поради желбата да го докажат својот стандард на општеството односно да покажат дека можат да уживаат на „висока нога“. 
2. Лична слобода
Личната слобода е уштењ една важна причина зошто луѓето сакаат да бидат богати. Доколку немате висока сума на пари на вашата банкарска сметка, се чувствувате како да немате контрола над својот живот. Доколку имате многу пари, можете да си дозволите да си купите што ќе посакате, да идете на ручек каде сакате и во суштина можете да правите што сакате, без никој да ве ограничува или да ви забранува, а тоа ја дава онаа лична слобода која ја чувствувате доколку сте богати. 
3. Финансиска слобода
Ако сакате да имате финансиска слобода, треба да научите како да ги штедите и трошите вашите пари. Доволно е да ја најдете формулата за тоа како да ги зголемувате парите, кои ќе ви го дадат статусот богат човек, а воедно ќе можете да ги трошите за се што ќе посакате. Факт е дека оние кои трошат многу пари се посреќни и притоа не се грижат дали утре ќе снемаат на својата банкасрка сметка, бидејќи добро знаат да менаџираат со своите пари и знаат да ги вложат во корисни работи, за да добијат повеќе, а со тоа да ја добијат и финансиската слобода која има е потребна. 
4. Животен стил
Оние кои го имаат статусот богати, можат да си дозволат да ја имаат последната технологија која се појавила на пазарот, последното модно парче облека, што прошетало на модните писти, последниот вид на храна која се појавила во кулинарството. Поради ова луѓето сакаат да бидат богати и тие да си дозволат нешто што досега било тешко достапно за нив. 
 
Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Сите имаме само еден живот, па зошто да не ја искористиме можноста која ни ја дава животот и да се трудиме да имаме по

Пронајдете не на следниве мрежи: