Зошто Македонците се рекордери во обложување?

Во 200-те најголеми и најуспешни фирми во Македонија според приходите се најдоа дури три кладилници.1 сопственици Х држава 2 обложувачи
Вака се поставени фиксовите за тоа кој има најголеми шанси да ќари кога ќе влезе во обложувалница. Оние кои се обложуваат сигурно веднаш сфатија кој е кој во спортската прогноза. За другите кои не знаат работите стојат вака – сопствениците се домаќини, се игра на нивни терен, па така тие се секогаш во предност дека ќе победат. Државата е х или нерешено. Во буџетот ќе се влеат пари, без разлика како ќе заврши натпреварот. 2 е за гостите или обложувачите. Тие играат на туѓ терен.
Јас ќарив, а ти?
Ваков примамлив слоган е испишан на една од обложувалниците. Кој е ЈАС, а кој ТИ во приказната? Заработувачката на обложувалниците е загарантирана. Обложувачите најдобро си го знаат домашниот есап. Обложувањето е директно поврзано со сиромаштијата. Колку што е беспарицата поголема, толку се зголемува надежта дека излезот е во некое уплатено ливче.

Кој е во ќар, најдобро се гледа преку парите. Во 200-те најголеми и најуспешни фирми во Македонија според приходите се најдоа дури три кладилници. На 32 место е Спорт лајф. Зад себе ги остави Бетон, Југохром, Пекабеско, Топлификација, Пошта, Брилијант, Зегин и уште многу други фабрики, градежни компании, јавни претпријатија, монополски фирми. Спорт лајф лани направила приход од 51 милион и 300 000 евра.
Во втората стотка на113 место е Златна копачка, чија заработка за 2012 изнесува скоро 16 милиони евра. И 26 места подоле или на 139 во најуспешните се вброи и Бетсити Балкан која лани остварила приход од 14 милиони евра.
Повеќе на think.mk1 сопственици Х држава 2 обложувачи
Вака се поставени фиксовите за тоа кој има најголеми шанси да ќари кога ќе влезе во обложувалница. Оние

Пронајдете не на следниве мрежи: