Зошто мажите не простуваат неверство?

Само еден од десет мажи би простил неверство. Па се обидуваме да ги откриеме причините за тоа:
1.Его
Многу мажи во врската сметаат дека ја „поседуваат“ партнерката и затоа не можат да преминат преку тоа таа да спиела со некој друг. Жените многу полошо го прифаќаат емоционалното неверство, додека мажите пак потешко го прифаќаат „физичкото“ неверство.
2.Самопочитување
Жените помалку се почитуваат себе си од мажите, а тоа се одразува и на љубовните односи.
3.Причината за неверството
Докажано е дека жените изневеруваат кога нешто им недостига во врската, односно кога им недостига љубов и внимание. Мажите лесно ја делат љубовта од сексот, а жените не, токму затоа женското неверство е подлабоко.
4. Изненадување
Велат дека мажите изневеруваат повеќе, а жените подобро го сокриваат тоа. На мажите им треба повеќе време за да сфатат дека партнерката ги изневерува. Па соочувањето со вистината за нив е вистински шок.
 Само еден од десет мажи би простил неверство. Па се обидуваме да ги откриеме причините за тоа:

Пронајдете не на следниве мрежи: