Зошто оштетените во случаите на СЈО немаат право на жалба како сите други граѓани?

Неможноста кои било учесници во судска постапка да бараат изземање на специјалната обвинителка Kатица Јанева, како што можат во случај со обичните државни јавни обвинители, не е единствен правен апсурд кој сега е инсталиран во нашиот правен систем.На ова недвосмилено нарушување на правата на граѓаните што учествуваат во судските постапки што ги води првата специјална обвинителка се надоврзува и друга правна апсурдност поврзана за правото на жалба на засегнатите граѓани во однос на решенијата што ги носи СЈО во постапките. На пример, конкретно за решенијата за запирањето на постапките пред судот по поведените обвиненија од страна на обвинителите. Односно, за ситуација во која обвинителите се откажуваат или привремено ги запираат натамошните судски постапки. Имено, апсурдноста произлегува од тоа што додека според актуелниот Закон за кривичната постапка оштетените граѓани имаат право да се жалат на ваквата одлука на обвинителите, во случајот со специјалната јавна обвинителка таква можност не постои!? Практично, одлуката на СЈО е конечна и без право на жалба, а на засегнатите граѓани им останува само да ја прифатат, анализира Дневник.
Познато е дека специјалната јавна обвинителка Kатица Јанева неодамна го повлече обвинението за предметот „Пуч“ бидејќи, како што таа тврди, обвинителниот акт е во спротивност со доказите во истражните постапки „Таргет“ и „Тврдина“. Во тој случај како осомничени се јавуваат лидерот на СДСМ, Зоран Заев, и поранешниот директор на некогашната ДБK, Зоран Верушевски. Одлуката била донесена со цел да се прибават дополнителни докази, кои во целост ќе ја разјаснат фактичката состојба и ќе овозможат донесување правилна и законита јавнообвинителска одлука.
Во случајот „Пуч“ осомничените, меѓу кои се и Зоран Верушевски и Зоран Заев, се обвинети и за употреба на незаконски средства на следење и шпионирање, како и за упатување сериозни закани кон високи државни функционери, а сакале да извршат преврат и да изнудат разни услуги. Претходно, кога почна да ги објавува незаконски прислушуваните разговори, лидерот на СДСМ, Зоран Заев, објави дека предмет на прислушување биле повеќе од 20.000 наши граѓани. Од ова произлегува дека сите тие граѓани во случајот „Пуч“ треба да се јават како оштетени граѓани кои се засегнати од одлуката за повлекување на обвинението од страна на СЈО.
Но, во врска со 20.000 оштетени граѓани, проблем е што досега од страна на СЈО не било утврдено за кои се` граѓани, конкретно, се работи. Доколку се почитуваше јазикот на правото, тогаш обвинителството мораше овие граѓани да ги извести дека биле незаконски прислушувани, дека е сторено кривично дело и дека може да се придружат на кривичната постапка во текот на која имаат право и на отштетно побарување.
Тоа не е направено, а сега се случи откажувањето кое се однесува на конкретно обвинетите во случајот „Пуч“, но и на сите оние што биле оштетени со незаконското прислушување – премиерот, министрите, градоначалниците, директорите… а кои ~ се познати на јавноста. Значи, ако на обвинетите им одговарала одлуката на специјалната обвинителка за запирањето на обвинението против нив, сигурно е дека таа не им одговара на оние што биле засегнати со незаконското прислушување, не му одговара на уставно-законскиот систем во државата, чии основи не дозволуваат и санкционираат незаконско прислушување. Тоа значи дека тие како конкретни личности, како држава, мора да имаат право на жалба против ваквата одлука на специјалната јавна обвинителка, која, практично, е нивен застапник. Меѓутоа, тука излегува проблемот бидејќи оваа оштетена страна воопшто нема можност да се жали на повисоката обвинителска инстанција бидејќи Законот за специјалното јавно обвинителство воопшто не предвидел таква можност. Всушност, Законот вели дека за с` што не е регулирано со него се применуваат другите закони вклучувајќи го и ЗKП, но можноста за жалба до повисок јавен обвинител е исклучена. Kако и во случај кога не може да се побара изземање на Јанева, така сега нема можност ни за жалба против одлуките на СЈО во текот на постапката.
Наспроти ова, Законот за кривичната постапка адекватно со погрижил оштетената страна во некој судски предмет да добие одредена правна заштита од одлуките на некој обвинител.
– Решение за запирање на постапката по откажувањето на јавниот обвинител му се доставува на оштетениот со поука да може во рок од осум дена да поднесе жалба до непосредно повисокиот јавен обвинител – се наведува во членот 341 од Законот за кривичната постапка.
Тоа значи дека со упатувањето на жалбата постои можноста повисокиот обвинител да донесе поинаква одлука отколку што е откажување од обвинението во предметот, а со што ќе се исправи одлуката на понискиот обвинител.
Ваквиот проблем, практично, само се надоврзува на проблемот со неможноста на граѓаните да бараат изземање на специјалната јавна обвинителка, но на авторите на законскиот текст очигледно не им пречело што некои странки ќе бидат со одземени граѓански права во случаите на СЈО…На ова недвосмилено нарушување на правата на граѓаните што учествуваат во судските постапки што ги води првата специјална обвинителка се надоврзува

Пронајдете не на следниве мрежи: