Зошто Путин си замина порано од самитот на Г-20?

Веднаш по завршувањето на самитот на Г-20, рускиот претседател Владимир Путин прв замина од Австралија. Тој на беше изложен на критики од Западот поради Украина, но посочи дека замина порано затоа што му било потребно добро да се наспие.„Танјуг“ пренесе дека рускиот лидер отпатувал за Русија пред објавувањето на завршното соопштение од самитот, но присуствуваше на завршниот ручек и ги поздрави „конструктивните разговори“.
Руски претставник претходно изјави дека Путин планира да го прескокне работниот дел на самитот и да го напушти порано Бризбејн, откако се најде под притисок поради Украина, но подоцна тоа е демантирано од Кремљ.
Во изјавата за руски медиуми, Путин рекол дека одлуката прв да го напушти Бризбејн, нема врска со тензиите на самитот околу Украина, туку со тоа што сакал да се наспие за да биде подготвен за следниот работен ден во Москва, бидејќи имал натрупана агенда.„Танјуг“ пренесе дека рускиот лидер отпатувал за Русија пред објавувањето на завршното соопштение од самитот, но присуствуваше на заврш

Пронајдете не на следниве мрежи: