Зошто се фрла паричка во бунар и ориз во црква

Дали чекате три дена пред да и се јавите и да ја повикате на состанок личноста со која сте се запознале? Постојат суеверија за љубовта. Многумина не веруваат во нив, но сепак ги прават смеејќи се самите на себе. Кои се најпознатите суеверија поврзани со љубовта и од каде влечат корени?Ме сака, не ме сака – Сигурно макар еднаш сте зеле цвеќе и сте почнале да му ги кинете листовите велејќи: „Ме сака, не ме сака”. Тоа е како цвеќето да ви го дава одговорот кој го очекувате, а доколку не ви се допаѓа одговорот, секогаш можете да скинете друго цвеќе. Верувале или не, ова суеверие влече корени уште од средновековна Франција, каде се играла играта наречена effeuiller la marguerite, што во превод би значело кинење маргаритка. Во денешно време, најчесто тоа го прават девојките, но не само маргаритката, туку и кое било друго цвеќе може да ви заврши работа. Исто така, слично на ова е играта со јаболкото, кое го вртите држејќи го за дршката и изговарајќи ги имињата на симпатиите. Оној на чие име ќе се откине дршката е вистинскиот за вас.
Фрлање паричка во бунар – Освен што се извор на вода, бунарите се места каде се замислуваат желби. Во минатото жените фрлале паричка во бунар и си замислувале желба, најчесто посакувајќи сопруг или деца. Ако после тоа си го виделе сопствениот одраз во бунарот, тоа е знак дека желбата ќе се исполни. Во денешно време сè уште постојат вакви и слични верувања.
Чекај три дена пред да ја побараш – Ова најчесто го гледаме во филмовите, но некои од момците навистина преферираат да чекаат неколку дена пред да ја побараат девојката со цел да не остават впечаток дека се очајни. Оваа теорија, добро ја „разработи” Барни од серијата „Како ја запознав мајка ви”, поврзувајќи ја дури со Исус кој чекал три дена за да воскресне. Сепак, на вас останува колку дена ќе чекате и дали воопшто ќе ја употребите во пракса оваа теорија на Барни.
Ставање бонбонче под перница – Сигурно сте чуле дека свадбеното бонбонче кое ви го дала невестата треба да го ставите под перница за да го сонувате вашиот иден сопруг.  Ваквите верувања за првпат се појавуваат во Англија во 17-ти век.
Фрлање ориз над младоженците – Ваквата традиција потекнува од старите хебрејски, асирски и египетски култури и верувања, каде оризот бил симбол на плодност и добра среќа. Во Кина се верувало дека оризот ќе им го одвлече вниманието на злите духови со цел да не ги чепкаат младоженците. Во зависност од различните обичаи, во денешно време кај нас по младоженците се фрла со ориз, ситни парички или бонбони.Ме сака, не ме сака – Сигурно макар еднаш сте зеле цвеќе и сте почнале да му ги кинете листовите велејќи: „Ме сака, не ме сака”.

Пронајдете не на следниве мрежи: