Зошто сите најбогати актери во светот се мажи?

На новата листа на 10-те најбогати актери во светот не се најде ниту една актерка.Во овој клуб на богаташи Клинт Иствуд и Џек Николсон се рамо до рамо со Том Круз, Том Хенкс и Џони Деп. Адам Сендлер е најновата традиционална ѕвезда, додека пак Тајлер Пери е најимпресивен, поради тоа што во последниве 10 години многу го има зголемено своето богатство.
Единствениот на оваа листа кој не е Американец е боливудскиот актер Шах Рук Кан, познат од многу блокбастери од Боливуд, но и од неговото телевизиско шоу кое е многу популарно ширум Индија и соседните земји.
Имајќи ги на ум овие факти, топ 10 листата на најбогати актери во светот изгледа вака:
1.Џери Зајнфелд (60) – 820 милиони долари
2.Шах Рук Кан (48) – 600 милиони долари
3.Том Круз (51) – 480 милиони долари
4.Џони Деп (50) – 450 милиони долари
5.Тајлер Пери (44) – 450 милиони долари
6.Џек Николсон (77) – 400 милиони долари
7.Том Хенкс (57) – 390 милиони долари
8.Бил Козби (76) – 380 милиони долари
9.Клинт Иствуд (83) – 370 милиони долари
10.Адам Сендлер (47) – 340 милиони долари

 
Забележувате дека на листата нема ниту една жена, ни Џулија Робертс, ни Мерил Стрип, ни бутур. Иако играле во многу добри филмови во последниве децении, изгледа не можат да привлечат публика како Kруз или Деп во некој блокбастерски акционен филм.
Многу актерки потонаа во сенка откако Мери Пикфорд беше најбогатата актерка од немите филмови, а Барбара Стенвик беше најплатена ѕвезда во 40-тите.

На едно друго рангирање, водечката позиција ја има женска актерка. Дина Мерил има богатство кое се проценува на околу 5 милијарди долари, но не го заработила сето тоа самата. Многу од парите се всушност наследство од нејзините родители.
На второто место се најде Опра Винфри, на третото Џејми Грац, а зад нив се наоѓа Жаклин Голд. За да може жена да се искачи на врвот на листава, треба или да наследи богатство, или да се омажи за богатство (буквално), или да биде Опра.Во овој клуб на богаташи Клинт Иствуд и Џек Николсон се рамо до рамо со Том Круз, Том Хенкс и Џони Деп. Адам Сендлер е најновата традиционална ѕвез

Пронајдете не на следниве мрежи: