Зошто вие ги покривате вашите жени? Одговор кој ќе ве остави без текст!

Една убава приказна која може да нè научи дека некои работи не треба веднаш да ги гледаме со предрасуди, без разлика од која религија сме. Еден Британец дошол до некој мудрец и го прашал:
– Зошто кај вас во исламот не Ви е дозволено мажите да се ракуваат со жени. Зарем тоа не е чудно?
Мудрецот одговорил со друго прашање:
Можеш ли ти да се ракуваш со кралицата Елизабета?
Британецот одговорил: – Се разбира дека не. Постојат само одредени луѓе кои можат да се ракуваат со нашата кралица. Јас не сум меѓу нив…
Мудрецот потоа рекол…
– Е гледаш. Нашите жени се кралици, а кралиците не се поздравуваат со непознати мажи.
Тогаш Британецот прашал: – А зошто вашите девојки го покриваат нивното тело и коса. Зар тоа не е дискриминација и злоупотреба?
Мудрецот се насмевнал и од својот џеб извадил две чоколадни бонбони. Едната ја одвиткал од целофанската фолија, а другата ја оставил во нејзината оригинална обвивка.
Тогаш ги фрлил бонбоните на правлив под. Го погледнал Британецот и му рекол…
– Ако сега ти понудам да земеш една од овие две слатки бонбони и да ја изедеш, која од нив ќе ја земеш и ќе ја ставиш во уста?
Британецот не размислувал долго и рекол: – Оваа во целофан, се разбира.
А мудриот човек повторно се насмевнал и му рекол: – Тоа е начинот како ние ги гледаме нашите жени…

Пронајдете не на следниве мрежи: