четврток, 26 ноември 2026
Најново

Зошто во кесичките за чипс има повеќе воздух наместо чипс?

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Купувате голема кеса чипс со надеж дека долго ќе уживате во неа додека го гледате вашиот омиелн филм или тв-серија, но кога ќе ја отворите гледате ќесичката е полупразна, односно можеби и повеќе има воздух наместо чипс. Што мислите зошто кесичките чипс имаат повеќе воздух наместо чипс?
Логиката во целата оваа можеби фрустрирачка ситуација за потрошувачот е што производителите на чипсови ставаат половина чипс во кесичката за да не се уништио при транспорт. 
Кесичките при транспортот од една до друга земја најчесто се фрлаат и притискаат и на тој начин доколку се преполни со чипс може да пукнат и чипсот да се растури насекаде. 
Исто така, доколку на било кој начин кесичката чипс попушти и почне да прима кислород, чипсот може да се расипе, а маслото со кое е правен да добие непријатен мирис. 
За оние кои незнаат, водухот во кесичките всушност не е воздух туку е азот кој доколку не е во кесичката, влажноста на воздухот ќе го расипе производот. 
Откако било испитано, се утврдило дека ваквиот начин е одличен при транспорт на производот како и за самиот производ. Азот кој се наоѓа во чипсот воопшто не е штетен, со оглед на информацијата дека 78 отсто од воздухот кој го дишиме е составен од азот. 
 
Затоа иако е доста иритирачки кога купувате кесичка чипс и очекувате да биде полна, сепак запаметете дека причината за повеќе воздух, а помалку чипс е добра за вашето здравје.  Што мислите зошто кесичките чипс имаат повеќе воздух наместо чипс?
Логиката во целата оваа можеби фрустрирачка ситуација за потрошувачот е

Поврзани вести