ЖРК Металург има нов тренер

Александар Петровски е новиот шеф на стручниот штаб на ЖРК Металург.„Добив нова задача во клубот, која за мене е вистински предизвик и гордост. Ќе ја водам реорганизираната и подмладената женска екипа на Металург, која во својот состав има огромен број на сениорски, младински и кадетски репрезентативки на Македонија. Поставена ми е тешка задача да ја продолжам работата на досегашниот тренер Петрушевски, кому му благодарам за вложениот труд и работата во девојките. Металург и натаму останува на својата зацртана програма да создава квалитет со македонско обележје и моја задача ќе биде да формирам конкурентна екипа чиј заштитен знак ќе бидат младоста, талентот и квалитетот. Во наредниот период ќе го формирам мојот тим и ќе се запознам со девојките. Во соработка со клупската управа ќе ги договориме и подготовките за новата сезона“, изјави Петровски.„Добив нова задача во клубот, која за мене е вистински предизвик и гордост. Ќе ја водам реорганизираната и подмладената женска екипа на Метал

Пронајдете не на следниве мрежи: