Ѕвезда на Пинк: „Како изгубив 50 килограми по инфарктот во 20-та година“

Невена Мирчиќ (23) од Алексинац моментално е во вториот круг  во „Ѕвездите на Пинк“. Таа ја отворила својата душа и проговорила за својот проблем со тежината, поради што  на 20 години доживеала срцев удар. Сега се чувствува препородено. Невена вели дека од мали ноза била дебела и дека не размислувала дека тоа би можело да ѝ биде проблем во подоцнежниот живот.„Живеев во некој свој свет во кој јас бев најубава. Никогаш нема да го заборавам 10-ти октомври 2012 година, кога конечно сфатив дека имам проблем. Бев на роденден  на кој, како и обично, имаше многу храна и пијалок. Мене тоа не ми беше доволно, бидејќи мојот организам не можеше да се засити така лесно. Кога дојдов дома, што е најлошо почнав да се прејадувам  за подоцна да одам на спиење“, вели Невена.
Невена наскоро потоа почнала тешко да диши, срцето ѝ чукало забрзано, а потоа паднала во несвест. Итно била префрлена кај интернист кој утврдил дека имала благ инфаркт на 20 години.

Докторите ѝ рекле дека животот ѝ е во опасност и дека би требало да поведе сметка за исхраната, бидејќи исходот може да биде смртоносен.
„Од тој ден дојде до голема промена во мојот живот. Почнав  така што не вечерав некои 6,7 месеци. Потоа почнав да одам на танцување, па на глума и пеење во градскиот хор. Тука мојот живот се промени за 180 степени“, вели Невена.

Таа почнала да ги губи килограмите и додава дека не користела ниту една актуелна диета. Трудот на крај се исплател: по две ипол години изгубила фантастични 50 килограми.
Подобрата физичка форма ѝ пружила и повеќе самодоверба, па собрала храброст да се појави во јавноста.

„Имам голема поддршка од луѓето околу себе и можам да кажам дека живеам нормално, без проблемите кои ми го загрозуваа животот.  Ја работам работата која ја сакам, а тоа е пеењето.  Излегувањето во јавност ми помага  да се изградам  себе си како личност и да бидам квалитетн музичар, секако“, заклучува Невена Мирчиќ.„Живеев во некој свој свет во кој јас бев најубава. Никогаш нема да го заборавам 10-ти октомври 2012 година, кога конечно сфатив дека имам пр

Пронајдете не на следниве мрежи: