Македонија одигра рамноправни 20 минути против Норвешка, по што следеше целосен распад во играта и голем број технички грешки, а тоа знаеше како да го казни нашиот ривал и да слави со 39-27.
Дејан Манасков одигра добар натпревар, но неговите голови не беа доволни за да се избегне убедлив пораз против фаворитот Норвешка.
„Им благодарам на навивачите за супер поддршката. Се надевам ќе продолжат да нѐ бодрат. Кога играте со екипи како Норвешка, ако не играш со 100 отсто и со многу технички грешки така завршува мечот. Дваесет минути бевме добри, после нѐ убија. Невозможна мисија е против Норвешка цел меч да се игра како во првите 20 минути“, кажа Манасков.