Мицковски преку Косана Николиќ со обид да ја амортизира Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ

Денеска е направен груб, неетички, неморален и несоодветен обид преку Косана Николиќ да се пристапи на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ, информираат од таму. Дознаваме дека Косана имала инструкции од Мицковски да се направи средба на „второ ниво“. Веројатно поради тоа што тој е зафатен со тајни средби со Али Ахмети…
Од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ ни изјавија дека „дојденци“ од други партии и платеници нема да бидат прифатени за и на никакви разговори. Очигледно неписмените гавази на Мицковски не го разбрале соопштението број 20 на Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ. Таму е наведено дека Мицковски треба да се освести во пресрет на изборите за да не доживее дебакл и катастрофа партијата. Партијата поради слабото раководење е на колена и со нула кредибилитет дома и надвор. А спротивно на реалноста влегува во нова фаза на „триумфализам“ кој може да ја урниса уште повеќе. Затоа е нејасно нерационалното и политиканско однесување на Мицковски, кој политиката очигледно ја сфаќа единствено како алатка да се добере до премиерската фотеља.
Токму затоа од Демократската Фракција на ВМРО-ДПМНЕ не информираа дека нити ќе прифатат некој да ги хендла, амортизира, средби на нивоа, нити ќе бидат нечиво алиби за катастрофалната политичка магистрала по која се движи партијата.
Вечерва ќе ја објавиме и телефонската комуникација со Косана.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.МК Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.МК може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.МК или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.