Абас утре во Каиро на средба со египетскиот претседател

– Претседателот на палестинската управа Махмуд Абас утре ќе го посети Каиро за да разговара со неговиот египетски колега Абдел Фатах ал Сиси, јавија египетски медиуми.

Според информациите на палестинската партија Фатах, Абас ќе биде придружуван од министерот за цивилни работи и секретарот на Извршниот комитет на Палестинската ослободителна организација (ПЛО), Хусеин ал Шеик, и шефот на палестинското разузнавање Маџит Фараџ.

Египет ги засили своите повици до меѓународната заедница да најде решение за палестинското прашање. Каиро во повеќе наврати изјави дека стабилноста во регионот зависи од постигнувањето сеопфатен договор заснован на решение за две држави.

Високи делегации на „Хамас“ и на „Исламски џихад“ претходно беа на разговори во главниот град на Египет. Египет ќе биде и последната станица на актуелната турнеја на Блискиот исток на американскиот државен секретар Ентони Блинкен. 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.