Американската извидничка авијација од раните утрински часови интензивно лета долж украинската и белоруската граница пред слетувањето на американскиот претседател Џо Бајден, кој е во посета на Полска во пресрет на една година од војната во Украина.
- Фицо најавува вето за Украина и бара поблиски односи со Русија
- Четири ЗЛАТНИ совети за слабеење: Променете ги ОВИЕ работи и слабеењето ќе биде многу полесно
- Шолц: Германија никогаш нема да толерира антисемитизам
- Захариева за куќите во Софија и на Халкидики нема потекло на парите, ЕК ќе проверува
- Министерката Божиновска не одговара за нејзината бугарска самосвест оти ја прашувале тие кои посакувале заборав на сè што направиле
Avaks E-3 Sentry и RC-135W се забележани на небото во источна Полска од рано утрото. Тие се на небото повеќе од седум часа и периодично се полнат со гориво во воздухот.
Се претпоставува дека целта на интензивниот надзор е да се спречи каква било несакана провокација која би можела да дојде од правец на Белорусија пред најавената посета на американскиот претседател и слетувањето на Air Force One.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.