Авион на воздухопловната компанија „Ryanair“ кој во петокот полетал од Лондон кон канарскиот остров Ланзароте, морал да слета во Португалија откако се степале седум патници, извести таблоидот Daily Mail.
Наименуван очевидец рекол за весникот дека сите учесници во инцидентот биле Британци, а извор од португалската полиција изјавил дека едно лице е уапсено.
- Универзитетот за туризам и менаџмент ја “избриша” Цвета Ристовска (член на ДКСК) од наставен кадар откако Телма ја праша Антикорупциска за нејзин можен судир на интересВечерва Универзитетот за туризам и менаџмент ја отстрани сликата на Цвета Ристовска- прочитај повеќе
- Кортни Кардашијан ги надмина сите, па дури и нејзината сестра Ким: Нов божиќен хит со Дедо Мраз (фото)Кортни Кардашијан и нејзиниот сопруг Тревис Баркер го прославија Божиќ на интимен и романтичен- прочитај повеќе
- Соларната сондата Паркер ќе биде најблиску до Сонцето во пресрет на БожиќСоларната сонда Паркер, која и припаѓа на американската вселенска агенција НАСА, сè- прочитај повеќе
- Тајна средба меѓу Кејт Мидлтон и кралот Чарлс за преземање на тронот? Британската јавност зборува за драматичните настани на дворотКралот Чарлс Трети со месеци се бори со ракот, а британското кралско семејство- прочитај повеќе
- Само овој милионер успеа да ја освои една од најубавите жени на светот: Сите се прашуваат која е неговата тајна (фото)Шведската манекенка Викторија Силвстед (50) и швајцарскиот милионер Морис Даба (71) се во врска од 2011- прочитај повеќе
Локалниот весник La Voz de Lanzarote, повикувајќи се на изјави на сведоци, наведува дека „група мажи пиела и малтретирала некои од патниците“.
Авионот полетал од аеродромот Лутон во 8,15 часот утрото и требало да слета во 12,15 часот на Ланзароте, шпанскиот остров на северозападот од Африка. Меѓутоа, пренасoчен бил кон аеродромот Фаро, на југот на Португалија, каде што слетал во 10,50 часот по локално време.
На својата интернет страница Daily Mail објави видео на коешто се гледа како четворица полицајци во униформи со присила изведуваат надвор маж кој дава отпор. Некои од патнците го снимаат инцидентот, а некои му посакуваат „довидување“.
Минатиот месец уште три авиона од Обединетото Кралство принудно слетаа во Фаро.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.