Авион се урна во Дубаи, има жртви

Во авион кој се урна во близина на аеродромот во Дубаи четири лица го загубија животот. Според информациите тројца од загинатите се државјани на Велика Британија и еден на Јужна Африка.
Малиот авион кој е во сопственост на американскиот технолошки гигант “Ханивел“ удрил три милји јужно од пистата, а се срушил заради технички дефект.
На еден од најпрометните аеродроми во светот дошло до целосна хаварија и застој, но набрзо ситуацијата се нормализирала.

 

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.