Две лица загинаа откако, најверојатно поради механички дефект, приватен авион се урна во куќа во Саут Бенд во Индијана.При падот загинале две лица во авионот, а се повредени уште две лица во леталото и едно на земја. Во несреќата се оштетени и три околни куќи.Спасувачките служби работат на терен со цел пронаоѓање на евентуално други повредени лица.Преставници на Националниот борд за безбедност во сообраќајот веќе пристигнаа на местото на несреќата со цел да ги испитаат причините за падот на авионот.Според информациите, по неуспешниот обид да слета на блискиот аеродром, повторно се кренал во воздух за повторен обид, но осум минути потоа исчезнал од радарите. Првично, се претпоставува дека станува збор за механички дефект.
МакфаксДве лица загинаа откако, најверојатно поради механички дефект, приватен авион се урна во куќа во Саут Бенд во Ин