Автобус со 47 српски туристи кој се враќал од познатото туристичко место Егина, се запалил и потполно изгорел во Лептокарија во Грција. Како што пренесуваат српските медиуми за среќа никој не е повреден благодарение на возачот и неговата брза реакција.
На Фејсбук страната на “Грчка Инфо“ се наведува дека пожарот избувнал поради лошата инсталација во автобусот, по што набрзо се запалил и целосно изгорел.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.