Адел и Симон Конецки ги потпишаа документите за развод на бракот, пренесуваат британските медиуми.
Популарните сопружници уште во април во 2019 година објавија дека веќе не живеат под ист покрив, а пет месеци подоцна музичката ѕвезда поднесе документи за развод.
Според написите, Симон и Адел ги договорале условите за разводот до 15 јануари годинава. Сепак, разводот се’ уште не е официјализиран, се чека потписот од страна на судијата. Инаку, сопружниците се согласиле дека богатството од 190 милиони долари стекнато во бракот ќе биде поделено на половина.
Адел и Симон врската ја започнаа во 2011 година, а една година подоцна го добија синот Анџело Адкинс. Во 2016 година, тајно се венчаа. Мегапопуларната пејачка од објавата на крахот на љубовта ослебе цдури 45 килограми. Медимите сега шпекулираат дека Адел е во врска со светски познатиот рапер Скеп.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.
View this post on Instagram