Аеродром: Почина човек чекајќи ред пред банка

Средовечен човек ненадејно почина пред експозитура на банка во скопската населба Аеродром, пред очите на случајни минувачи, а фотографии од немилиот настан беа споделени на Фејсбук.

Граѓаните повикале Итна медицинска помош и полиција, и преку социјалните мрежи се обидоа да дознаат нешто повеќе за човекот, но безуспешно. Засега нема информации за причината за смртта на средовечниот човек, кој по сè изгледа чекал на ред за да заврши некоја работа во банката.

-На 02.03.2023 во 11.51 часот А.Т. пријавил дека на бул.Јане Сандански, на тротоарот има починато машко лице. Полициски службеници излегле на местото на настанот и утврдиле дека се работи за починато лице Ф. Х. (66). По наредба на јавен обвинител телото е предадено на фамилија за погреб, велат од МВР.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.