Порталот Lideri.mk стапил во контакт со неколку пекари во Урошевац, Косово, кои рекле дека можат да донесат леб во Скопје и по цена од 30 денари.
- Постојана инспирација за дами со облини: Најдобрите комбинации на Ешли Греам!
- Рускиот јазик ќе се изучува во основните и средните училишта во Куманово, средба Димитриевски со рускиот амбасадор
- Дневен хороскоп за сабота 28 септември! Вагата ќе има афера со пријател, а овој знак ќе започне сопствен бизнис
- Објавени фотографии од забава на Пиф Диди: Гола жена покриле со лисја и послужиле храна, еве кој се’ се гостел
- Иранска амбасада во Либан: Израелскиот напад врз Бејрут е „сериозна ескалација што ги менува правилата на игра“
„Ние го правиме стандардниот леб од 500 грама. Ако направиме 450 грама како во Северна Македонија, можеме да ги донесеме за 27 или 28 денари, плаќајќи ја потребната царина и даноци“, велат тие.
Истовремено, тие се изненадени од реакцијата на пекарите во Северна Македонија кои поради замрзнувањето на цената од 33 денари ги оставија рафтовите на пазарот празни.
„Овој револт нема економска логика, бидејќи цените на пченицата на меѓународните пазари се намалуваат, а се намалија и цената на нафтата и енергијата. Сигурно нашите колеги ја злоупотребуваат положбата на пазарот.
Не знам како стојат законите кај вас, но ако се прави ваква злоупотреба на Косово, казните се многу строги“, велат пекарите со кои контактирале во Урошевац.
извор: almakos.com.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.