Академик Катица Ќулафкова ја обвини Владата на СДСМ и ДУИ и премиерот Заев, за деградација на симболите на македонскиот идентитет и ентитет. Според неа со Законот за јазиците Владата поддржала процес на распаѓање на најважните елементи на државноста и нацијата.
– Со ЗУЈ го деградиравте македонскиот јазик од државен и задолжителен за сите граѓани на РМ на факултативен, а последично поттикнавте јавна деградација на македонскиот народ, култура и држава. Антимакедонизмот ескалира секој ден се повеќе, напиша академик Ќулафкова.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.