Ако бил доволно голем да седне во моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди како на полнолетен

По одлуката на скопското јавно обвинителство на 16-годишникот којшто со „БМВ“ го прегази хирургот Ѓорѓи Јота да му се суди како на „дете во ризик постаро од 14 години“, односно на малолетник, со реакција во јавноста се огласи адвокатката Сузана Јошевска Анастасовска.
Таа истакнува дека поради тежината на кривичното дело, Обвинителството треба да се повика на исклучоците предвидени во Кривичниот законик кои предвидуваат на сторителот да му се суди како на полнолетен.
Ако бил доволно голем да седне во огромна моќна кола и да вози без дозвола, доволно е голем и да му се суди како на полнолетен.
Има законски основ, само нека читаат малку подлабоко, нека не се поставуваат бирократски. Затоа се исклучоците, за да санкциите и мерките бидат соодветни и прилагодливи на стореното кривично дело и сторителот.
Овој случај е пример за тоа дека треба да се видат и проценат сите околности и сериозно да се одлучи дали ако му се суди како на дете ќе биде задоволена правдата – коментира Јошевска Анастасовска.

 

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.