Ако е конструктива и оправдана, критиката е добра за секого

Забелешките за работата можат да бидат меч со две острици, а само од начинот и вистинската мерка, ќе зависи дали поради неа човек ќе се чувствува несигурен или пак самоуверено.
Критиката може да ја зголеми продуктивноста, а ако е оправдана и конструктива, на вработените им овозможува да напредуваат, вели експертот за деловна обука Петра Чолак и додава:
– Критиката помага при избегнување на несогласувања, ни дава на знаење дека се следи и цени работата на некое лице и обезбедува здрава работна средина. Со конструктивна критика се даваат јасни насоки за тоа што и како да се работи и се нуди можност за напредување на начинот на работењето и избегнување на грешки., Но, најважно е како се изрекува.
– Ефектот од критиките зависи од начинот на кој се дава и подготвеноста таа да се прифати. Во спротивно може да доведе до немотивираност и несигурност кај вработените – вели Чолак.
– Давањето и примањето на повратни информации е комуникациска вештина која лесно може да се научи. Ако информацијата е изречена искрено и се применува правилно, делува позитивно и мотивациски, а ја јакне и самодовербата – советува Чолак.


Позитивните критики изгледаат вака:
1. Кажете на вработениот што треба да поправи и притоа бидете прецизни;
2. Кажете која позитивна промена ќе донесе кога ќе се усвојат препораките;
3. Следете ја работата на луѓето и пофалете ги кога ќе видите дека повратната информација е усвоена.
Ако вработениот добива јасни насоки дека нешто може да направи подобро, поинаку или побрзо ќе расте неговата мотивација, но и ентузијазмот.
Човекот не се чувствува нападнат, а му било кажано каде греши. Така нема да почувствува пораз, туку всушност ќе добие повратна информација за тоа што не е направено за да се оствари целта, поточно, кои се вистинските причини поради кои не е постигнат посакуваниот резултат.
Кај давањето и примањето на критиките секогаш треба да се биде свесен за тоа дека секоја вистина има свое лице и наличје. Не постои една и апсолутна вистина, барем не во односите меѓу луѓето. Ако човекот тоа го освести, ќе биде многу потактичен и помалку тврдоглав, па полесно ќе свати дека критиката е здрав облик на комуникација, бидејќи вклучува изразување на нечие мислење за туѓите постапки.


Многу луѓе на критиките реагираат инстиктивно и често агресивно, но одбраната на сопствениот став до последна капка крв, создава впечаток на вина и зголемени тензии. Секако дека постојат и недобронамерни критичари, чии совети се деструктивни, неправедни, т.е. маскирани со комплиметни или наивни прашања, а всушност изразуваат завист и љубомора. Но, таквите најлесно се препознаваат по тоа што таквите никогаш не зборуваат ништо позитивно.
Во здравата размена на аргументи не постои победник и победен, туку признавање дека две глави се попаметни од една, т.е. дека проблемот полесно се решава ако се согледува од две страни. Од позитивната критика добро е да се извлечат совети и да се обидеме да го промениме однесувањето. Само големите луѓе знаат да се согласат со соговорникот, или да му се извинат, а да се чувствуваат уште поголеми и подобри.
Без навреди
Критиката не смее да се дава во афект, бидејќи тогаш во комуникацијата се вовлекува сарказам, неприкладен јазик и погрдни имиња, а таква критика не може да биде конструктивна.
Внимание
Кога критикувате, внимавајте да бидете директни. Не вртете наоколу и јасно кажете што мислите, не очекувајте дека другата страна ќе погоди што мислите. Проверете дали ве разбрале, вели Чолак.
Правила
Критиката не смее да биде предолга, навредлива и не смее да се зборува пред други, вели Петра Чолак.
Подготовка
Критиката треба да се темели на конкретни примери, а не на гласини.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.