Ако е ова “таа“ ЕУ каде што треба да итаме, јас би да останеме и причекаме…“, му напиша на Твитер Цветанова на францускиот амбасадор

Поранешната министерка за култура од јули 2000. до ноември 2002. година, Ганка Цветанова по терористичкиот напад во Стразбур му реплицира на францускиот амбасадор Кристијан Тимоние за безалтернативноста на Преспански договор во однос на членството на Македонија во Европска унија.
-Францускиот амбасадор Тимоние ни порачува дека не постоел резервен план за Договорот од Преспа. Алтернативата било да се остане парализиран на патот кон ЕУ. Ако е ова “таа“ ЕУ каде што треба да итаме, јас би да останеме и причекаме…“, напиша на својот профил на Твитер поранешната министерка Цветанова.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.