„Ако пекарите не работат, а невестите не знаат, има евтини машинчиња, ем месат ем печат“ – социјалните мрежи се полни со коментари за состојбата со недостигот од леб во продавниците.
- Русите тврдат дека брзо напредуваат на исток: „Ги здробивме најдобрите украински единици, им ги срушивме плановите“
- Три години од трагичната АВТОБУСКА НЕСРЕЌА во Бугарија во која загинаа 45 лица од Македонија
- Расправа околу поправка на возило заврши со пукање: Обид за убиство во Гостивар
- Ангела Меркел изрази „голема загриженост“ за улогата на Илон Маск во американската влада
- Пристигнуваат пари за 4 хороскопски знаци! Еве кој ќе ги добие парите до 30 ноември, а еден знак треба да ги игра игрите на среќа
На овој простор освен негодување од однесувањето на пекарите, се шират и рецепти за домашна подготовка на леб од сите видови брашно, како и модели и цени на пекачи.
Можеби навистина граѓаните ќе ги сменат навиките, па вруќиот леб наместо да го купуваат од фурна, ќе го вадат од рерната во својот дом. Зашто, утрово Македонија остана без бел и полубел леб, кој требаше да е со замрзната цена.
Пекарите не извршија испорака, односно ја реализираа заканата искажана во контекст на владината мерка. Некои специјализирани продавници се и сосема празни, нема никакви видови печива.
Продавачите, пак, во маркетите, уште вчера им сугерираа на купувачите во корпите да стават и леб. За секој случај. Иако, оние поскапите видови од најосновната намирница, се уште ги има на рафтовите.
Во „Службен весник“ број 44, со вчерашен датум, веќе се објавени владините одлуки – за определување највисока цена на одделни производи и за запирање на субвенционирањето на цената на струјата за прехранбениот сектор.
Ова беше сигналот кој го чекаа компаниите од пекарската индустрија. Како ќе постапуваат понатаму, допрва ќе се види. Засега, очигледен е револтот што го предизвикаа кај граѓаните, кои немаат разбирање за нивното однесување. Оттаму и апелот, и Владата да го исполни ветеното – да ја активира Пазарната инспекција.
ИЗВОР: ПАРИ.МК
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.