Ако не сакаат Македонците, ние ќе носиме леб од Косово за 27 денари – последна понуда од соседите

Потегот на македонските пекарници кои не ја прифаќаат цената од 33 денари што ја забетонира Владата предизвика чудење во соседството, па така некои пекари од Косово, како што пренесува порталот Лидери, се понудиле да испорачуваат леб по цена и од 27 до 28 денари.

Ако не сакаат Македонците, ние ќе носиме леб од Косово за 27 денари – последна понуда од соседите

Според пишувањата на Лидери, пекарници од градот Урошевац кога слушнале за расправиите меѓу македонските власти и пекарниците околу цената на лебот, се нафатиле дека тие нема да ги остават продавниците со празни рафтови затоа што им одговарала понудената цена од 33 денари, а нудат и пониска.

Дури велат дека тие произведуваат леб од 500 грама, а во Македонија се продава леб од 450 грама, така што без проблем би прифатиле да доставуваат леб и за 30 денари.

Хаосот што се случува на македонскиот пазар, како што пренесовме претходно, добро го илустрира изјава на штипјанецот Николче Малинов, сопственик на пекарата „Штипски сокак“.

Тој вели дека некои пекари ја намалиле цената на лебот за пет денари. Тој тврди дека рафтовите на пекарите не биле празни, како што се пожалија скопјани ДЕНОВИВЕ, откако пекарите се заканија дека нема да продаваат леб по замрзната цена.

„Ние го намаливме лебот и од денеска се продава по цена од 30 денари и леб ќе има. Ние не се приклучуваме кон заканите. Леб ќе има“, вели Малинов

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.