АКО ПОСТОЈАНО СТЕ НА ВАШИОТ МОБИЛЕН ТЕЛЕФОН, ЌЕ СТАНЕТЕ ПОГЛУПАВИ: Научниците откриле како точно тоа влијае на нашиот мозок!

Многумина од нас ја користат секоја можност да со својот мобилен телефон овековечат некој момент што го сметаме за убав, важен или посебен.

Без разлика дали станува збор за храна, некоја глетка од природата или „бесконечните“ селфија, скоро секој мора да признае дека кликањето на камерата од мобилниот телефон е дел од нашето секојдневие.

Почнува обврската за задолжителна зимска опрема во возилата
Од денеска до 15 март возачите во возилата со учествуваат во јавен сообраќај на патиштата задолжително да поседуваат пропишана зимска опрема.-Министерството за внатрешни работи ги информира граѓаните дека од 15 ноември до …
ДУИ: Предвремени избори – решение за кризата на легитимитетот и предуслов за економска благосостојба
Опозициската ДУИ оценува дека вистинското лидерство ја покажува својата сила во моментите на отчетност. Според нив, „Повикот за предвремени избори, заедно со локалните избори во октомври, не е само политичко барање, туку …

Научниците велат – тоа нè затапува!

Студија спроведена во Америка на 525 учесници покажа дека честото фотографирање негативно влијае на меморијата и концентрацијата. Научниците утврдиле дека кога сликаме, а тоа е се почесто, повеќе се насочуваме на тоа како ќе изгледа самата слика, отколку на она што е пред нас.

Истражувачите во Њујорк на испитаниците им покажале уметнички фотографии, слики и цртежи и ги поделиле во две групи. Некои ги фотографирале, а други само погледнале наоколу. Се покажало дека оние што гледале без да фотографираат, можат многу подобро да ги запомнат сите детали што ги виделе.

Испитаниците кои ги фотографирале уметничките дела помалку се сеќавале на нив. Сепак, научниците велат дека можната причина за тоа лежи во фактот дека мозокот е принуден да извршува истовремено две функции – гледање и „стартување“ на механизмот за фотографирање.

Човечкиот мозок врши два вида на категоризација. Перцептивниот предмет што го набудуваме е категоризиран според неговиот изглед и детали, споредувајќи го со слични предмети, додека идејното „се сеќава“ што прави тој и за што служи.

По испитувањето, испитаниците требало да решат два теста засновани врз овие две категоризации оние што фотографирале имале полоши резултати.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.