Активисти на Левица поднесоа кривична пријава за борбите со кучиња во Охрид

„Откако СВР Охрид и ЈО Охрид не се одважија по допрен глас да постапат во однос на борбите на кучиња кои се организираат и одржувааат во континуитет на оградена јавна површина, ринг, – активисти од Левица поднесоа кривична пријава против три физички лица со можност за проширување на истата и против други лица“, велат од Левица.

Пентагон: Не сакаме војна со Русија, но ќе продолжиме да ѝ испраќаме оружје на Украина
Америка не сака војна со Русија, но ќе продолжи да испраќа оружје во Украина, изјави портпаролката на Пентагон, Сабрина Синг.„ Не сакаме војна со Русија, тоа не е нашата намера, но …
Медведев објави видео: Баравте, добивте!
Во врска со вчерашниот руски напад со суперсонична балистичка ракета врз Украина, поранешниот руски претседател Дмитриј Медведев, сега заменик-претседател на Советот за безбедност, на платформата „Х“ напиша „добивте тоа што баравте.”„Значи, …

„Законот за заштита и благосостојба на животните изрично забранува организирање на ваков тип на борби на кучиња, како и обложување за истите, а убивањето, измачувањето, изживувањето врз животните е инкриминирано со член 233 од Кривичниот законик.

Според неофицијални информации, борбите на кучиња претставуваат илегален бизнис, по пат на обложување со сума од 6.000 до 10.000 евра! За убивањето, измачувањето, нанесувањето на болка, маки, грубото злоупотребување на животните од користољубие (материјална или друга корист) е предвидена потешка казна, односно согласно член 233 став 3 од КЗ – казна затвор од една до пет години.

Сметаме дека во целост се исполнети законските услови за кривичен прогон за конкретното кривично дело кое, за жал, поради досегашна неказнивост – јавно и отворено се практикува во континуитет, се третира како јавна тајна и нормална појава – иако се предвидени законски одредби и казни кои се во насока на заштита на немоќните, животните, но и кон одржувањето на едно здраво општество.

На потег е Јавното обвинителство Охрид кое очекуваме да постапи по кривичната пријава и конечно да се прекинат ваквите нехумани борби“, соопшти Левица.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.