Градоначалничката на Скопје Данела Арсовска најави голема акција за уредување на градското зеленило, во која ќе се засадуваат нови дрвја на над 100 локации во градот.
Како што соопшти Град Скопје, во акцијата се отстрануваат старите и исушени дрвја и садници, а на нивно место се засадуваат нови дрвја. Паралелно се отпочнува акција за кастрење во сите делови на Скопје, со што се овозможува непречено движење на пешаците и велосипедистите по патеките, се превенира пад на суви гранки и се обезбедува поголема прегледност на сообраќајната сигнализација, со што се зголемува безбедноста на сите учесници во сообраќајот.
- Google Photos добива едноставна алатка за уредување фотографии
- Дали Џенифер Лопез најде ново момче? Пејачката не се одвојува од згодниот телохранител, а еве како изгледа (ФОТО)
- Најбизарниот експеримент со луѓе што некогаш постоел: 101 ден биле на сплав за блуд, еве како живееле и што се случило (фото)
- WhatsApp ја прекинува поддршката за постарите уреди со Android на 1 јануари
- Еве како изгледа животот во најстудениот град на светот! Погледнете го видеото кое освои над 21 милион луѓе: Александар наутро топи мраз за децата да имаат вода… (ВИДЕО)
- Три хороскопски знаци кои често остануваат во добри односи со поранешните
- Обилните снежни врнежи оставија без струја околу 200.000 домови во БиХ
- Koj e Македонецoт што преку „Телеграм“ аплицирал да се бори за руската војска во Украина?
- Дали е ова најубавиот фустан што го носеше Александра Пријовиќ за време на турнејата? (фото)
-Детектиравме нереализирани решенија дури од 2010 година за кастрење суви дрвја и гранки по пријави на граѓани и институции, затоа отпочнуваме со голема акција за уредување на градското зеленило со садење нови дрвја, кроење на крошните со што градското зеленило добива уреден лик и отстранување на сувите дрвја и садници. Согласно со затекнатата состојба, на градските улици и булевари во изминатите 10 години не биле кастрени околу 2.000 дрвја согласно доставени барања, а севкупно во градското зеленило над 5500. Со реализацијата на овие активности се обидуваме системски да ги решаваме наталожените проблеми и ги исполнуваме барањата на граѓаните кои се надополнување на заедничките заложби за зелен и чист град, со уредено градско зеленило, истакна Арсовска.
По налог на Град Скопје, екипите на ЈП „Паркови и зеленило“ отпочнаа и со акција за засадување нови дрвја секаде каде во изминатите години биле исечени и отстранети. Како што најави Град Скопје, активностите за кастрење и одржување на градското зеленило продолжуваат интензивно и континуирано во сите делови на главниот град.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.