– МВР во координација со ОЈО за гонење на организиран криминал и корупција спроведуваат заедничка акција на ГП „Табановце“, информираа од МВР, најавувајќи детали за акцијата за денеска.
Во меѓувреме на Граничниот премин „Табановце“ според граѓани кои се враќаат во државата, има метеж. Од аматерските видеа може да се забележат долги колони автомобили и нервозни граѓани.
И викендов имаше значителна фреквенција на граѓани, пред сè македонски државјани, кои поради празниците се враќаат во земјава.