Алармантно: За три дена три бебиња починаа од морбили

Морбилите ја зедоа и третата жртва, згасна уште еден тукушто започнат живот. Дали состојбата е алармантна – НЕ, повеќе е од алармантна. Министерството за здравство ја извести јавноста дека вчера (10 февруари 2019) во вечерните часови почина 13-месечно дете од Тетовскиот регион од компликации предизвикани од морбили (мали сипаници) на Клиниката за детски болести.
– Министерството за здравство изразува жалење за смртта на детето, како резултат на компликации од морбили, болест која може да се спречи со вакцинација. Уште еднаш апелираме до сите родители, најодговорно да ги сфатат препораките за вакцинирање со МРП вакцината, која заштитува од ова сериозно заразно заболување. Вакцината во здравствените домови се аплицира бесплатно, а вакцините се со проверен квалитет, се наведува во соопштението на Министерството за здравство.
Завчера почина 13-месечно бебе од Свети Николе кое се заразило од својот татко. Првата жртва беше шестмесечно бебе кое го загуби животот од компликации предизвикани од морбили.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.