Неделните инфекции со коронавирусот во Европа сега се повисоки отколку во првиот бран на Ковид-19 на континентот во март, предупреди Светската здравствена организација (СЗО).
– Се соочуваме со многу сериозна ситуација. Неделните случаи на инфекција ги надминаа оние што ги забележавме кога пандемијата за првпат достигна врв во Европа во март – рече д-р Ханс Клуж, регионален директор на СЗО за Европа.
Според него, минатата недела бројот на пациенти во регионот надмина 300.000, а повеќе од половина од европските земји пријавија пораст од над 10 проценти во последните две недели.
Пронајдете не на следниве мрежи: ©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.