ПОЛСКА – Неидентификуван летечки објект влегол во полскиот воздушен простор: Мобилизирани се сите расположливи сили и ресурси!

Во петокот наутро неидентификуван летечки објект навлезе во воздушниот простор на Полска, земја-членка на НАТО, од правец на границата со Украина, соопшти Оперативната команда на полската Армија, пренесуваат тамошните медиуми.

Млад насилник дивеел во Гази Баба, мавтал со нож и тепал роднини и соседи
22-годишен жител на скопската населба Гази Баба вчераутро предизвикал вистинска драма – ѝ се заканувал со нож на неговата две години помлада братучетка, …
Сиљановска се прекрши во ОН: „Мојата држава, Република Северна Македонија“
Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова пркосно одби да го изговори новото име на државата при поднесувањето на заклетвата во Собранието, но од говорницата на Обединетите …

„Од моментот кога ја преминал границата до исчезнувањето на сигналот, бил следен од радари за против-воздушна одбрана“, соопшти Оперативната команда на социјалната мрежа Х (Твитер).

Приватната телевизија „Република“ објави дека објектот се барал во близина на градот Хрубиесов во јужна Полска. Медиумската агенција Reuters не можеше веднаш да ја потврди оваа информација.

„Во согласност со важечките процедури, оперативниот командант на вооружените сили ги мобилизира расположливите сили и средства со кои располага“, стои во објавата.

Русија изврши воздушен напад во текот на ноќта против Украина, испраќајќи 158 беспилотни летала и проектили во најголемиот воздушен напад од почетокот на сеопфатната инвазија, насочени кон критичната инфраструктура, индустријата и воените објекти, соопшти украинската Армија.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.