АЛБАНИЈА: Домашен притвор за Сали Бериша

Специјалниот суд против организиран криминал и корупција денеска донесе одлука со која се прифаќа барањето на Специјалното обвинителство за определување засилени безбедносни мерки за поранешниот шеф на државата и екс-премиер, Сали Бериша, актуелен лидер на побројното крило на опозициската Демократска партија.

Според одлуката донесена од шефицата на судот, Ирена Ѓока, Бериша од денеска е во домашен притвор под полициски надзор, а забранета му е и комуникација со други лица, освен членови на семејството, со кои живее во станот.

Објавена фотографија од Жељко Самарџиќ стара 40 години: Погледнете како изгледаше тогаш пејачот
На интернет се појави фотографија стара 40-години на Жељко Самарџиќ на која пејачот е речиси непрепознатлив.Самарџиќ на фотографијата има сосема поинаква фризура, односно долга кафена коса, …
Израел го уништи срцето на операцијата! Убиен главниот командант на Хезболах!
Ибрахим Акил, шеф на елитната единица на Хезболах Радван, е убиен во цел напад во Бејрут, Либан, соопштија во петокот израелските одбранбени сили.САД го обвинија Акил …

Претходно судските рочишта беа одложувани на трипати, по барање на неговите адвокати, прво да се запознаат со досието а потоа со барања за изземање на судијката Ѓока. Тие денеска изјавија дека повторно, но по пошта, доставиле барање за нејзино изземање, но судот тврди дека нема ново барање.

„Одлуката на судот е очекувана и ќе ја обжалиме. Нашиот клиент Бериша е во неговиот стан. Недозволувањето комуникација со други лица е лишување од права и слободи за пратеник. За тоа е потребно овластување од Собранието“, рече неговиот адвокат Генц Ѓокутај.

Претходно, парламентот по барање на Специјалното обвинителство му го одзеде пратеничкиот имунитет. Нему претходно му беше изречена мерка задолжително јавување секој понеделник и четврток во судот, што ни еднаш не го испочитува, како и мерката забрана да ја напушта земјата.

Бериша е обвинет за „пасивна корупција“ и „злоупотреба на службената положба“ во врска со приватизацијата на поранешниот спортски комплекс „Партизан“ во Тирана, во која е обвинет Јамарбер Малтези, негов зет за ќерка, кој незаконски стекнал пет милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.