Албанија: 13 сомнителни случаи за коронаврус – сите негативни, издвоени дополнителни милион долари за опрема

Во Албанија тестирани се 13 патници како сомнителни, а биле на патувања во земји погодени од новиот коронавирус. До денеска нема потврден случај на Ковид-19, изјави заменик-министерката за здравство Мира Ракацоли.
Таа додаде дека Министерството за здравство и социјална заштита во болниците им ставило на раполагање дополнителен фонд за набавка на опрема за лична заштита.


-По вчерашната средба на Комитетот на експерти, Министерството за здравство донесе одлука за издвојување дополнителни милион американски долари само за зголемување на залихата на опрема за лична заштитна опрема на вработените во здравствените установи. Министерството за здравство гарантира дека во моментот, сите болнички структури ја имаат потребната количина заштитна опрема за оваа фаза во која што се наоѓаме, рече Ракацоли.
Засилениот надзор на граничните премини покажува дека во последните 24 часа се контролирани и советувани 4.800 патници кои патувале во земји погодени од појава на коронавирус.
Министерството ги советува граѓаните кои доаѓаат од погодените области самоинцијативно да се стават во карантин во период од 14 дена.
Исто така на граѓаните кои патувале во погодените земји и кои имаат знаци на вирусна инфекција, треска, кашлица и особено респираторна инсуфициенца (отежнато дишење) се им препорачува да се јават на број 127 за да добијат соодветни упатства за тоа како да постапат.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.