АЛБАНСКИ ПРАТЕНИЦИ ПРЕКУ ПРОЗОР ВЛЕГОА ВО СОБРАНИЕТО: Невиден метеж во Тирана, обезбедувањето ја заклучи капијата, неверојатни сцени (ВИДЕО)

Нов скандал изби во понеделникот во албанскиот парламент кога обезбедувањето се обиде да ги спречи суспендираните пратеници да влезат во зградата.

Неколку пратеници на Демократската партија влегоа во парламентот преку прозорец откако претходно жестоко се судрија со обезбедувањето пред главната капија.

Колегите кои биле внатре ги отвориле прозорците на Собранието, по што со помош на столчиња и клима влегле во Собранието.

На видеата се гледа дека во последен момент чуварите успеале да ги спречат двајцата пратеници да влезат преку прозорецот.

Обезбедувањето претходно ја заклучи портата за да ги спречи пратениците од опозицијата кои беа исклучени од седниците да влезат во Собранието.

Осуммина демократски пратеници, да потсетиме, добија суспензија од 10 дена поради физички конфликт со пратеници од социјалистите на претходните седници.

Единствениот кој можеше да влезе во просториите на Собранието беше поранешниот премиер Сали Бериша, кој преку прозорец го опиша настанот како скандал бидејќи пратениците не смеат да влезат во нивните канцеларии.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.