Алва – слатко задоволство што се топи во уста

Сите, барем еднаш во животот сме го слушнале изразот: „Оди како алва!“, што кажува многу за нашата култура и односот кон алвата како еден од најобожуваните слатки деликатеси на овие простори, а воедно и насекаде во светот. Овој израз буквално ја става алвата пред лебот што значи дека некогаш се чекале редици луѓето да ја набават, за потоа веднаш да биде распродадена.
Во Македонија, алвата може да се сретне во повеќе варијанти. Зависно од регионите, алвата од гриз се нарекува невестинска или старинска алва. Во минатото ваквата алва била неизбежен дел од свадбите и другите прослави.

Таан-алвата е најмногу распространета, најпопуларна и според многу – највкусна. Со својот единствен и незаменлив вкус, алвата претставува најдобар десерт за целото семејство кој се топи во устата, идеален додаток со кафе, но и совршен десерт за оние кои постат.
Главна состојка на превкусната таан – алва е таанот кој е паста од сусамови зрна. Таанот е толку здрав што иако постите неговите благородни својства ќе ви помогнат во подобрување на крвната слика, во отстранување на малаксаноста и ќе ви дадат енергија за претстојниот ден.
Традицијата за консумирање алва сè уште опстојува. Дури и оние најмалечките со сласт ја јадат и многупати ја одбираат пред чоколадото. Нејзината лесна и мазна текстура повеќе слојниот вкус и мирис прават да не можеме да и одолееме.
Овој деликатес секогаш може да се најде на полиците во супер маркетите, маалските продавници, не само во Македонија, туку ширум светот.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.