Од денеска може да се вози по новиот автопат Миладиновци – Свети Николе – Штип. Од Министерството за транспорт и врски инофрмираат дека е пуштен за сообраќај во двата правца.
Апелираат до сите корисници да ја почитуваат поставената хоризонтална и вертикална сигнализација.
-Упатуваме благодарност до сите граѓани кои во овие неколку месеци беа трпеливи во однос на користење на оваа автопатска делница. Упатуваме благодарност и до сите градежни компании кои директно или индиректно беа вклучени во изградбата на овој значаен капитален објект – наведуваат во соопштението.