Македонскиот репрезентативец, Езџан Алиоски, скоро половина година е член на турски Фенербахче, но и покрај тоа денеска беше избран во тимот на 2022 година во Саудиска Арабија.
Дефанзивецот вториот дел од минатата сезона го одигра во тимот на Ал Ахли, каде што остави одличен впечаток и собра просечна оценка 7,19, што беше доволно да се најде меѓу најдобрите во годината што неодамна измина.
Алиоски во моментов е на позајмица во Фенер, чија управа сериозно размислува целосно да го откупи неговиот договор со составот од С. Арабија.