Уште пред да поминат 100 дена, моноетничката и нелегитимна Влада го доби најтешкиот удар што го има Европската Унија, и тоа по вина на албанските партии кои во исто време ги демантират своите проевропски заложби, соопштија од Алијанса за Албанците.
„Назначувањето на непрофесионален, несоодветен кадар, без потребните подготовки и без потребните сертификати, задолжена за ревизија за ИПА фондовите, ризикува земјата да загуби еден од најважните инструменти за спроведување и развој на реформите и европските стандарди.
Аматеризмот на партиите кои ги загубија изборите, немањето основни познавања во владеењето и особено во евроинтеграцискиот процес, ги прави овие партии најголем ризик за европската иднина на земјата. Не е довлно само разрешувањето на глабната ревизорка, но за ова некој треба да сноси и одговорност. Главната одговорност за овој мега скандал сносат министрите Орхан Муртезани и Арбен Фетаи, едниот одговорен за евроинтеграции, а другиот за „добро владеење“.
Ваквите авантури, нивната желба за партизација и заробување на значајни институции од страна на партиски милитанти, непочитување на стандардите и законите, сериозно го нарушуваат имиџот на државата и евроинтегративниот процес, кој и така е нарушен и загрозен со други постапки на Владата кои се случија од првиот ден од нивното доаѓање.
Повеќе од месец и половина од изборот на Владата, оваа коалиција и нанесе голема штета на државата за што ќе треба време да се санират. Ги повикуваме партиите што ги загубија изборите да си заминат пред да се направи повеќе штета и пред да биде доцна за се“, се вели во соопштението на Алијанса за Албанците