Саудиски Ал Наср кој го доведе Кристијано Роналдо за неверојатна плата од 200 милиони евра по сезона, му понудиле 13 милиони евра годишно на капитенот и ветеран на Барселона, Серхио Бускец за да дојде во Ријад како ново засилување.
„ЕСПН“ објави дека Бускец, кој неделава ќе дојде до 700 меча за Барселона и ќе биде само трет фудбалер кој успеал да ја достигне оваа граница во историјата на каталонската гордост, а тој има договор со Барселона до крајот на сезонава.
За него заинтересиран беше и американски Интер Мајами на Дејвид Бекам, а тренерот на Барса, Чави Ернандез посочи дека Буцкес сам ќе решава за иднината на лето зашто ќе остане да ја доигра оваа сезона, иако Барселона сака да го задржи, но финансиски не може да му понуди тоа што Шпанецот го има на маса од богатите Саудијци.