Ал Наср тргна и по легенда на Барселона

„Мундо Депортиво“ објави дека најбогатиот тим во Саудиска Арабија, Ал Наср не сака да ги ангажира само Кристијано Роналдо и Серхио Рамос, туку е заинтересиран и за легендата на Барселона, Серхио Бускетс.

Бускетс за Барселона одигра 696 натпревари и стана легенда на екипата, но каталонскиот гигант не планира да му го продолжи договорот и тоа отвора можност на Ал Наср да го добие без отштета, но притоа да му понуди вртоглава сума на пари за плата.

Ал Наср претходно сака да го ангажира Роналдо и да потпише договор до 2030 година со тоа што Португалецот би имал улога и на амбасадор во клубот, а притоа ќе добие 500 милиони евра.

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.