Ама нели скандиравте НИКОГАШ СЕВЕРНА?

Сериозни реакции има по социјалните мрежи по востоличувањето на непознатите кадри на Мицковски, за министри во Владата на СЕВЕРНА Македонија. И тие се чини се оправдани од проста причина што кога се работи за „работење“ на измаченото членство на ДПМНЕ, секогаш се користи паролата НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА.
Пред неколку недели тоа можевме и да го чуеме во Арената Борис Трајковски, кога сите во еден глас, заедно со „лидерот“ го скандираа. Ама вчера нешто друго имавме на „тацна“. Тоа е изјавата на личниот избор на Мицковски, министерката Мизрахи. Повелете на увид. 
Како што може да се види некако не и пречело СЕВЕРНА. Сега сме збунети, која позиција е реална, никогаш северна или секогаш северна?

Пронајдете не на следниве мрежи:©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола од ПУЛС24.MK или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.